loading
24ти Октомври 47 Струмица 2400
10:00 - 18:00 Понеделник - Петок

Зошто денталните импланти се идеалното решение за забите кои ви недостасуваат

Зошто денталните импланти се идеалното решение за забите кои ви недостасуваат

Проблемот со вашите заби може да биде навистина комплициран. Покрај проблемот со болки, забите може да имаат и дополнителни ефекти врз вашиот живот. Самодовербата која ја носи со себе здравата и убава насмевка е еден од клучните придонеси кои ги добиваме од убавите и средени заби. Секако, главната улога на забите е џвакањето на храната, а проблемот со забите значи и проблем со хранењето и обработката на храната.

Без сомнение, да се направи нешто е подобро отколку да не се презеде ништо, па затоа во ниту еден случај не смеете да ги занемарите вашите заби, они што ги имате или оние што сте ги изгубиле.

Изгубените заби можат сериозно да влијаат врз здравјето на пациентот, а ефектите како губење на коскената маса или способноста за џвакање, како и неправилната насмевка која несомнено има и психолошки ефект.

Од друга страна, современите дентални решенија се секако опција за подобрување на благосостојбата на пациентот. Традиционалните мостови со коронка се солидно решение за повторно да добиете привлечна насмевка, но треба да се напомене дека може да предизвикаат и негативни ефекти. Тие ги нагризуваат забите, може да предизвикаат загуба на коскена маса, а постои и поголем ризик за кариес или откажување.

Најпопуларното и најкомплетно решение, поставување на дентални импланти, подразбира најмодерен и најефективен начин на враќање на привлечна насмевка, со целосна способност за џвакање и зачувување на здравите заби и непца, истовремено намалувајќи го губењето на коскената маса. Ефектите од поставувањето на импланти се видливи и докажани, а пациентите за навистина краток период можат да ја почувствуваат разликата.

Доколку сеуште се двоумите кој е најдобриот начин за враќање на убава и здрава насмевка, надминувајќи ги притоа и останатите проблеми кои ги причинува загубата на забите, можете да не контактирате. За подетални информации или закажување на консултација или термин, јавете ни се на 070 310 159.

Напиши твое мислење

17 − четиринаесет =

Light/Dark Mode