Нега и лекување непца
Непцата се суштинската поддршка на вашите заби. Здравите непца налегнуваат удобно околу вашите заби и формираат заштитен прстен за да ги заштитуваат и да ги задржат на место.
Совети
- Редовно миење заби
- Користење конец
- Течност за плакнење
- Посета на стоматолог
Симптоми
Здравите непца се тврди и светло розеви ткива, кои се цврсто слепени околу секој заб. Типичните симптоми на гингивитис се:
- омекнати непца
- лош здив
- крварење на непцата при четкање на заби
- болки при џвакање
При овие симптоми треба да посетите стоматолог за да нема трајно оштетување или развивање парадентоза
Причини
Најчестата причина е лошата орална хигиена која овозможува наслагите на забите да помогнат во развивање на гингвит.
Наслагите кои се развиваат се невидливи тенки филмови составени од храна која е погодна средина за развивање на бактерии, особено ако храната е богата со скроб или шеќер. Нормалната флора на устата може да ги размножи тие подлоги и се создаваат воспаленија. При лоша орална хигиена се развива забен камен кој не се отстранува со редовно четкање на заби туку со посета на стоматолог.
Со самото присуство на забниот камен се иритираат непцата и се зголемува шансата за појава на воспаление, односно гингивитис.
Правила при третман
При секој стоматолошки третман има препораки кои треба да се почитуваат. Има прашање кое сакате да го поставите? Контактирајте нè!
Препорака е пред третман пациентот да не консумира храна, алкохолни пијалоци
Во зависност од самиот третман докоторот ви дава посттретмански препораки како да се однесувате со храна, течности.
Да, имаме склучено договор со ФЗОМ.