loading
24ти Октомври 47 Струмица 2400
10:00 - 18:00 Понеделник - Петок

Ендодонција

Ендодонција

Ендодонцијата е всушност третман и лекување на забните канали кој вклучува отстранување на инфицираниот нерв, внимателна тродимензионална обработка на каналите и нивно соодветно полнење.

Во Др. Жан користиме најсовремени биолошки пасти на база на смола, наречени гутаперки, кои се без токсични материјали. Дополнително, применуваме полнење со термафил, каде преку топла кондензација материјалот совршено го исполнува каналот, како и латерална ладна кондензација, која комбинира смола и гутаперки. За да се избегнат појава на рецидив, циста, коскени дефекти, и други проблеми, користиме машинска обработка на каналите и ласерска стерилизација за уништување на бактериите пред полнењето на каналите.

Третмани

Пломбирање на заби

Безболно чистење на забен кариес, реставрирање на природната форма, функцијата и естетиката на забот. Пломбирањето се врши со висококвалитетни композити и нано-композити, кои обезбедуваат долготрајност.

Детска стоматологија

За нашите најмали пациенти Др. Жан обезбедува обука за правилно четкање на забите, грижа за млечните заби, пломбирање на млечни заби со композитни пломби, залевање на фисурите на трајните заби, и екстракција на млечни заби. Бележиме одлична соработка помеѓу стоматологот и пациентот, базирана на доверба и минимизирање на стравот од интервенциите, па затоа успехот од третманите кај деца е загарантиран. Залевањето на фисурите кај младите трајни заби е една од најбитните мерки во борбата против кариес уште од најрана возраст.

Чистење забен камен

Отстрануваме забен камен со помош на ултразвук, ласерски третираме пародонтални џебови, и полирање со полир паста, гумички, дискови, пескарење и слично.

Екстракција на заби

Во одредени ситуации кога постои периапикална патологија, одонтогени инфекции, неповолни фрактури на забите или од ортодонтски и протетски причини е неопходна екстракција односно вадење на забите. Оваа постапка се изведува под локална плексус или спроводна анестезија и може да биде обична, атипична (со сепарација – одвојување на корените, при фрактури најчесто) и оперативна.

Полирање

Полирањето на забите е механичка процедура која се врши машински со помош на соодветни ротирачки четки и гумички и абразивна, ароматизирана паста. 
Оваа постапка може да се користи самостојно за отстранување на меките наслаги или во склоп на професионалното чистење на забите. Краен резултат е добивање чисти и мазни забни површини со што ќе се одложи повторното наталожување на забен камен.

Правила при третман

При секој стоматолошки третман има препораки кои треба да се почитуваат. Има прашање кое сакате да го поставите? Контактирајте нè!

Препорака е пред третман пациентот да не консумира храна, алкохолни пијалоци

Во зависност од самиот третман докоторот ви дава посттретмански препораки како да се однесувате со храна, течности.

Да, имаме склучено договор со ФЗОМ.

Light/Dark Mode