Целосна реконструкција на двете вилици со комбиниран импланто-протетски план
“Д-р Ѓорги не само што ми ја врати надежта и насмевката, ми подари насмевка за која претходно можев да сонувам.“
Анонимен
Оваа пациентка дојде во нашата ординација со препорака, за да добие убава и здрава насмевка. Стравот кај пациентката беше видно нагласен поради претходното лошо и трауматично искуство.
После направените снимки и анализи, на пациентката ѝ беше предложен комбиниран импланто-протетски план за да добие целосна реконструкција на двете вилици, правилна функција и висока естетика.
ПРЕД
ПОТОА
Пациентката доби комплетно нова насмевка со висока естетика и правилна функција. Сега може повторно да се смее и зборува со полна самодоверба.