„Докторе, благодарам многу за добро завршената работа, веќе сум нов човек, да ви се позлатат рацете.“
Роза Манчева
Оваа пациентка дојде кај нас од соседна Бугарија, со намера естетски да и се реши насмевката. По направените снимки и анализи утврдивме дека треба да се направи целосна реконструкција на забите и загризот.
Неколку заби беа извадени, а потоа продолживме со нашиот комбиниран импланто-протетски план.
Во горната вилица направивме целосна реконструкција со коронки и мостови од цирконија. Во долната вилица поради недостаток на носачи поставивме 3 импланти со помош на хируршки водич.
ПРЕД
ПОТОА
После комплетната интеграција на имплантите во коската, направивме реконструкција и во долната вилица со коронки и мостови од цирконија.