loading
24ти Октомври 47 Струмица 2400
10:00 - 18:00 Понеделник - Петок

Орална хирургија

Орална хирургија

Оралната хирургија е да се занимава со дијагностицирање и справување со патологија на устата и вилицата што бара хируршка интервенција. Оралната хирургија вклучува третман на деца, адолесценти и возрасни и работа со пациенти коишто се анксиозни кога одат на забар како и медицински комплексни случаи.

Оралната хирургија како услуга се користи кога конзервативниот пристап не е доволен, односно кога е потребно хируршко лекување на пациентот. Првите услуги на оралната хирургија најчесто била екистракција на заби. Со тек на времето, стоматологијата се развила во сосема друга насока, доминантно како превентивна, реставративна и реконструктивна.
Како посебна гранка на стоматологијата која, покрај екстракција на забите, вклучува голем број на постапки за корекција на неповолни анатомски структури во усната празнина, како што се: траума на забите и вилицата, естетски несовршености и дефекти во областа на вилицата, ортодонтски процедури, третмани на коренските канали, имплантатологија во однос на реконструкции на коскеното ткиво и синуси со цел да се создаде доволен простор за поставување импланти и функционални нарушувања на системот за џвакање.

Третман

Симптоми

Оралната хирурија има широка примена и тоа покрај забоболка има и естетска намена.

За овој вид на услуга потребно е посета на специјалист-орален хирург.

Екстракција на заби

Иако трајните заби се многу важни и треба да останат во устата во текот на целиот живот, кај повеќето од нас во одредени ситуации се појавува потреба за екстракција на одредени заби. На секој пациент поединечно ќе му биде одреден пред – екстракционен режим во согласност со неговата здравствена состојба. Веднаш по самото вадење на забот, во нашата ординација ќе добиете препораки за претстојниот период на заздравување како и низа предлози за естетско и функционално надоместување на изгубениот заб.

Импланти

Забните импланти се титаниумски шрафови кои се поставуваат во виличната коска како замена за извадените природни заби.
Иако постојат повеќе начини за замена на заб кој недостасува, сепак ниту еден друг начин не се покажал толку ефикасен и долготраен како користењето на имплантите. Во одредени случаи, имплантите се и единствен избор за обнова на сите потребни функции на забот и системот за џвакање.

Правила при третман

При секој стоматолошки третман има препораки кои треба да се почитуваат. Има прашање кое сакате да го поставите? Контактирајте нè!

Препорака е пред третман пациентот да не консумира храна, алкохолни пијалоци

Во зависност од самиот третман докоторот ви дава посттретмански препораки како да се однесувате со храна, течности.

Да, имаме склучено договор со ФЗОМ.

Light/Dark Mode