loading
24ти Октомври 47 Струмица 2400
10:00 - 18:00 Понеделник - Петок

Историја

Традиција во создавање насмевки

За нас

Почетоците

Стоматолошката ординација “ЖАН” е основана во далечната 1992 година, како една од првите приватни стоматолошки ординации на територијата на Република Македонија. Основач на ординацијата е д-р Жан Ивановски.

Од тогаш до денес постојано се надградуваме и инвестираме како во нашето знаење така и во современа опрема и материјали, развивајќи се во ординација која со својот љубезен персонал и стручна подготвеност ќе ви пружи врвна грижа и стоматолошки сервис.

Од 2005 година склучивме договор со Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија. Довербата за матичен стоматолог ни ја имаат доверено повеќе од 10 000 пациенти и нивните семејства.

Др. Жан денес

Влез во дигиталната ера

Денес нашата ординација е во комплетно ново руво и прерасна во стоматолошки центар во кој работат тројца доктори по стоматологија и две стоматолошки сестри. Од 2022 година д-р Ѓорги Ивановски се стекна со титулата специјалист по орална хирургија и имплантологија, со што веќе ви се достапни и услугите од оваа специјалистичка област.

Ги следиме светските трендови, инвестираме во нова најсовремена апаратура и материјали, се со цел да добиете најдобра можна стоматолошка услуга и грижа.

Овде не застануваме. Во иднина ќе се стремиме стоматолошкиот центар Др. Жан да прерасне и во поликлиника со специјалисти од повеќе области на стоматологијата, со што би биле целосно покриени за сите ваши стоматолошки проблеми.

za-nas-nasmevka

Запознајте го тимот

кој се грижи за здрава и убава насмевка.

Д-р Жан Ивановски

Стоматолог

Д-р сци. Ѓорги Ивановски

Стоматолог-Орален хирург

Д-р Ненад Каров

Стоматолог

Николина Јанчева

Медицинска сестра

Нашата мисија

Нашата мисија е секојдневно да креираме насмевки на пациентите кои ја посетуваат нашата ординација преку услугите кои ги нудиме.

Што велат пациентите за нас

Д-р Ѓорги не само што ми ја врати надежта и насмевката, ми подари насмевка за која претходно можев да сонувам.
Силвана
Услуга: Целосна реконструкција на двете вилици со комбиниран импланто-протетски план
Презадоволен сум од искуството - Целиот процес се одвиваше професионално и на врвно ниво. Пресреќен сум од крајниот резултат. Му благодарам на стручниот и посветен тим на стоматолошкиот центар “Др. Жан
Анонимен
Услуга: Поставување имплант со хируршки водич
Докторе, благодарам многу за добро завршената работа, веќе сум нов човек, да ви се позлатат рацете.
Благодарам за вашето однесување, се чувствувам како нов човек, многу успеси во иднина.
Роза Митова
Услуга: Реконструкција на забите и загризот
Трансформацијата е неверојатна – не само што имам убава насмевка, туку исто така се чувствувам многу посамоуверено. Топло ја препорачувам оваа ординација на секој што бара врвна стоматолошка нега!
Митко
Услуга: Реконструкција на забите со импланти и циркониа коронки и мостови
Многу ми е драго што долгогодишниот недостаток на заби веќе е надминат. Големо браво за Д-р Жан
Александар Дончев
Естетска и функционална протетска рехабилитација
Конечно го имам саканиот резултат после толку години, голема благодарност до тимот на Д-р Жан.
Ристо Караманов
Естетска и функционална протетска рехабилитација
Се радувам бидејќи проблемите што ги имав веќе се минато. Благодарност до тимот на Др.Жан.
Ристо Караманов
Естетска и функционална протетска рехабилитација
Се радувам бидејќи проблемите што ги имав веќе се минато. Благодарност до тимот на Др.Жан.
Ристо Караманов
Естетска и функционална протетска рехабилитација

Нашите партнери

Соработуваме со партнери кои се лидери во производство на стоматолошки материјали.

Light/Dark Mode